ТУРИ

Време е да ги започнете вашите авантури

КАЈАКАРСКИ СПУСТ ПО РЕКАТА ЦРН ДРИМ И ГЛОБОЧИЧКО ЕЗЕРО

Кајакарењето по течението на реката Црн Дрим започнува од пред селото Ташмаруништа и завршува кај селото Глобочица во должина од 11км. Спустот се состои во низводно веслање во висококвалитетни туристички кајаци и тоа едноседи, двоседи и троседи низ месноста Теснец, Бигор под Бигорскиот мост (на кој е снимена сцената од филмот „Миротворец") над потопеното село Глобочица до новоизграденото село и манастирот Свети Илија.

ЕЗЕРСКА КАФЕ - ТУРА

Езерска тура се состои во веслање на брегот на Охридското Езеро од хотел „Солферино“ преку „Машка плажа“ покрај истекот на реката Црн Дрим познат „уста“ потоа продолжува покрај хотел „Дрим", "Женска плажа" плажата „Версус" и локалитет Дримени. Враќањето се одвива по дијагонала 300-400 метри од брегот со прекрасен видик кон градот.

Во аранжманите нудиме:

  • Транспорт;
  • Изнајмување на висoкоквалитетен чамец кајак (едносед, двосед, тросед), весло, адаптибилно на телесната висина на кајакарот;
  • Водич на тура;
  • Спасител на вода;
  • Логистичка поддршка од копно по целата должинана турата;
  • Фотографии и видео записи кои корисниците ги добиваат во електронска форма на меjл или друг медиум (месинџер, вибер и сл.) во рок од 2 дена.
  • Факултативни содржини: Снимање со професионален дрон.
 

* Во договор со организаторот

Традиционален македонски ручек во селото Глобочица:
• Печен крап зготвен на традиционален начин;
• Ѓомлезец;
• Пржени полжави;
• Пржени плашици;
• Луканци на жар;
• Пржени пиперки со лук;
• Салати од сезонски зеленчук;
• Домашно овчо сиренње;
• Алкохолни и безалкохолни пијалоци.