Проект
Во организација на Спортско-рекреативниот клуб „Соларис“ од Струга, во соработка со Ватерполо репрезентација на Македонија, како и со учество на сите други спортски клубови, спортисти, ентузијасти, професионалци и аматери, со поддршка и помош од Црвен крст – Струга, и пред сѐ, со сесрдната и несебична помош на нашите спонзори, помагачи и пријатели, на 2 август 2023 година ќе биде организирано второто издание на Спортскиот фестивал Илинден 2023.
Концептот на спортските активности за второто издание на фестивалот опфаќа организација на разни спортски натпреварувања на вода:
- Трки во кајак
- Трки во СУП штици
- Трки во пливање
- Ревијални ватерполо натпревари






















