Проект

Проектот „Ориентација со нуркање“ има за цел  да поттикне физичката активност и социјалното вклучување на децата со телесен инвалидитет и децата со попреченост со обединувачката моќ на спортот. Станува збор за спортски проект Еразмус+, кофинансиран од Европската Унија, со партнерство на Р.Турција,  Р.Бугарија и Р.Македонија.

Завршен настан од локалните активности од проектот “Ориентирање со нуркање” ко- финансиран од Еврооската унија.
Спортскиот клуб Соларис го одржа завршниот настан од локалните активности во рамките на проектот Ориентирање со нуркање. Проектот е дел од програмата Еразмус+Спорт ко-финансиран од Европската Унија. На настанот беа споделени со пошироката јавност целите на проектот и совладаните вештини од страна на децата учесници низ тромесечните тренинг сесии. Низ целиот период, а и на самиот настан се испрати порака на сензибилизација на општеството кон потенцијалите и значењето на секое дете независно од неговите (не)можности. Спортот има обединувачка моќ на различните светови. Спортот низ задачите кои ги реализираа овие деца создаде свет на заеднички можности.